четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Филипче граѓаните ги држи затворени по нивните домови, додека владините функционери си шетаат по тропски дестинации

Филипче граѓаните ги држи затворени по нивните домови, додека владините функционери си шетаат по тропски дестинации

Министерот за здравство, Венко Филипче во рамки на вчерашната прес конференција, ја образложи моменталната состојба со КОВИД-19, но и информираше дека остануваат на сила моменталните рестриктивни мерки, и засега истите нема да бидат дополнети.

И додека граѓаните од ден во ден очекуваат министерот за здравство Венко Филипче да се појави на прес конференција и да ја презентира состојбата со корона вирусот и евентуално нови рестриктивни мерки, владините функционери си патуваат по егзотични земји.

На прашањето дали Љупчо Николовски кој викендов заминал на одмор во Дубаи и Драги Рашковски кој е на одмор во Мексико ќе бидат во карантин откако ќе се вратат во земјава, министерот за здравство Венко Филипче изјави дека не сака да коментира индивидуални одлуки.

„Карантин од 14 дена е препорачан за луѓе кои патуваат во земји од Африканскиот континент заради трансмисија на јужноафриканскиот сој. Тој се карактеризира по тоа шот брзо се пренесува и се уште не се знае дали вакцините делуваат, навистина не би сакал да коментирам индивидуални одлуки“, рече министерот за здравство Венко Филипче на вчерашната прес конференција.

„Нема крај на понижувањата на Македонија и македонскиот народ! Во сред пандемија, полициски час, обичниот смртник умира, едвај крај со крај врзува, гладен, духовно уништен од Муртинските предавнички политики, опљачкан, додека Раководството на СДСМ се луксузира со НАРОДНИ ПАРИ“, реакција на граѓанин на социјалните мрежи.

„Ве поздрави од Мексико…вика издржете, може ќе стигнат вакцини!!! Седете вие дома, со полициски час“, пишува граѓанин на Твитер.

Освен граѓаните и опозицијата излезе со свој став за патувањата на владините функционери во ек на пандемија.

Рашковски и Николовски во Мексико и Дубаи, за одмор трошат колку за еден стан, власта тера луксузни одмори на тропски дестинации. Рашковски наместо да одговара за криминал, замина за Мексико, каде еден одмор е околу 20 илјади евра.Николовски заврши со путерот, се измори отиде во Дубаи, каде одмор чини до 10.000 евра. Рашковски и Николовски напуштаат земја во кризна состојба, среде здравствена криза и полициски час.Народот нема леб да јаде, и едвај крај со крај сврзува, а луѓето на Заев трошат десетици илјади евра за одмор“, пишува во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести