Симултана акција на портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска и министерот Венко Филипче, кои координирано удрија во кудење на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. Верувале или не – но Чулев бил виновен за новите огромни бројки заразени во Македонија. И Филипче и Кузеска координирано ја амнестираат владата и вината ја насочуваат само и единствено кон единствениот минситер од опозицијата кој повеќе пати им даде пример, као всушност, треба да си ја работат работата.
Истовремено, едниот од Илинденска бр. 2, а другиот од екс Бихаќка упатија несоновани и крајно партиски и политикантски обвинувања на адреса на министерот за внатрешни.
„Со своето неодговорно и несериозно однесување за време на кризата со коронавирусот, Наќе Чулев го загрози јавното здравје и денес сите ги чувствуваме последиците од таквиот неодговорен однос,“ обвини Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Денеска, додаде таа, за жал стигнувала сметката за неказнувањето и неработата на Чулев, а таа се гледала преку бројот на заразени регистрирани денеска?! Според неа, затоа биле потребни избори и нова Влада и Собрание со полн легитимитет од граѓаните.
„ На државата и се потребни институции со полн капацитет кои ефикасно ќе се справат со последиците од актуелната пандемија, но и ќе бидат подготвени за новиот бран кој по сите најави се очекува наесен“, кажа Кузеска.
Паралелно, координираната акција на Илинденска бр. 2 заедно со Кузеска ја тераше Филипче, кој изјави дека загрижува тоа што граѓаните не ги почитуваат препорачаните мерки за носење маски и дистанца, а има и прекршувања на решенијата за изолација и движење надвор од карантинот, има групни собирања, како и несоработка со епидемиолозите, давање лажни податоци и адреси за да не им се достават решенија за изолација. Тој рече дека ќе има посилни контроли , а од МВР побара поголема ажурност и санкционирање, обвинувајќи го со тоа во партиски занес министерот Чулев.
Вистината, сепак,е дека нивната неодговорност и лошо справување со кризата се виновни за се, на страна и олабавувањето на мерките. Целата финта на СДСМ е вака да се создаде слика за наводна потреба од нови институции кои доаѓаат по избори.
Во превод, и покрај 52 заболени и 4 мртви денеска, се што СДСМ и Заев сакаат се избори, ништо друго и не ги интересира.