четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Филипче и Спасовски викаат не мора, нивниот градоначалник во Прилеп вика мора карантин

Филипче и Спасовски викаат не мора, нивниот градоначалник во Прилеп вика мора карантин

Министрите за здравство и внатрешни работи, Венко Филипче и Оливер Спасовски не гледаат потреба од карантин во Македонија.

Но, следејќи ги загрижувачките бројки на заразени и починати, градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски од СДСМ, смета дека мора да има карантин.

„Последните 9 дена има 26 починати, вчера имаше само 6 починати пациенти во Прилеп. По две недели од моето поаѓање на Инфективното одделение. Упатив апел до сите здравствени работници кои немаат активности, во дел од слободното време да им помогнеме на здравствените работници. Знаевме дека ќе е вака, се спремаме за таканаречениот трет бран. Има место во болницата во Прилеп, има над 100 болнички кревети на располагање, а 50-тина болни користат дневна болница. Најголем број од пациентите се заразуваат на еден процент на граѓани кои не носат маски. Апелираме, ама одреден број на граѓаните не веруваат во нештото, не се придржуваат до протоколите. Ќе побарам до Централниот кризен штаб за прилем, мораме да имаме карантин, Прилеп по Скопје има најголем број заразени и починати“ – вели градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски за Студио 10 на ТВ24.

Најнови вести