среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Филипче ќе го разреши Зибери кој ги повика иселениците да гласаат за премиер Албанец

Филипче ќе го разреши Зибери кој ги повика иселениците да гласаат за премиер Албанец

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека се консултира со правни лица и доколку може, уште денес ќе биде разрешен директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери, откако тој се пофали дека како член на Комисијата за заразни болести помогнал да се отворат границите без протоколите препорачани од Светската здравствена организација за да дојдат иселениците да гласаат за премиер Албанец.

Зибери утрово на Фејсбук се пофали дека ДУИ допринела да се отворат границите без протоколите од Светска здравствена организација односно негативен тест и 14 дневна изолација.

Филипче додаде дека Зибери воопшто не е член на Комисијата за заштитна од заразни болести и дека неговата изјава е политичка и несреќна.

-Добредојдовте иселеници. Родното место ве чека. Сега можете да си дојдете дома без тестови и 14-дневна изолација, благодарение на нашиот придонес во здравствените политики на владата. Јас како член на Комисијата за заразни болести и другите членови помогнавме да се отворат границите и луѓето да се движат слободно без протоколите препорачани од СЗО. Зошто да не, дојдете дома за Албанец премиер, напиша Зибери на својот фејсбук профил

Најнови вести