Министерот за здравство, Венко Филипче, деновиве зборуваше за набавката на респиратори. Но, секој ден неговата приказна е различна, а доказите постојано го демантираат.
Прво, Филипче тврдеше дека набавката е во тек и дека уште не е направена аукција, потоа дека респираторите е одлучено да стигнат од Бразил, но дека се заглавени.
– Дозволете да кажам неколку зборови за респираторните машини како што кажав имаме само еден пациент на респираторна машина, нашата земја располага засега со вкупно 120. Светските искуства велат дека 5 проенти од заболените се на респираторна машина тоа значи дека на бројката од 1000 пациенти претпоставка е дека ќе има 50 пациенти кои што ќе се на респираторна машина. Има прашање во врска со набавката и нашата најава, таа е во тек. Проблемот е што машините во овој момент се запрени во Бразил со одлука на нивната Влада. Со интензивна комуникација со министертството за надворешни работи и нашиот амбасадор во Бразил се обидуваме таа бројка на машини да ја ослободиме. Многу земји во светот го запреа извозот на респираторни машини чувјаќи ги за своите пациенти. Искрено се надевам дека тоа ќе успееме да го направиме. Тоа беше и е единствениот кој што може да ја достави бараната бројка на респираторни машини за многу краток период, но во истовреме од денеска веќе имаме и друга добра информација, а тоа е дека и Кина веќе резервира 200 респираторни машини. Тоа го потврдија во текот на денешниот ден, треба да се формализираат актите, правните механизми како тие да стигнат до нашата земја сакам да кажам дека и во овој момент располагаме со доволен број на респираторни машини,кажа Филипче вчера.
Министерот за здравство исто така пред јавноста не ја говореше вистината кога рече дека Бразил е единствениот понудувач. И за овие негови тврдења пристигнаа деманти и докази.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски вчера обелодени дека постоеле вкупно 4 понудувачи, чии понуди ги покажа пред јавноста.
-Филипче соопшти дека Бразил е фаворизиран и пред да биде донесена одлуката тој преговара со понудувачот кој објавуваме дека има неколку илјади долари повисока цена, единечна цена за респиратори. Согласно нашите информации, од останатите 3ца понудувачи, дури 2ца имаат пониски цени од понудувачот од Бразил. Значи тој ја фаворизира бразилската понуда од 24 800 долари, а отфрла понуди од 7 илјади долари пониски или пак неколку илјади долари пониски. Не е точно дека е само една понуда. Еве го доказот. Вкупно 4 понуди за набавка на неопходните респиратори. Практично Венко Филипче денеска потврдува дека или изборот на понудувач е извршен пред време, а не беше во ниту еден момент јавно соопштено кога се извршил изборот, или ако не е донесена одлуката тогаш имаме кривично дело фаворизирање на повисока понуда односно скапа понуда. За да не дојде до забуни, јавно ги објавуваме цените на понудувачите и понудувачите на овој екран позади мене, можат да се видат само цените на истите за да граѓаните имаат јасна претстава, истакна тој.
Арсовски потенцира дека ова се моменти каде што не се потребни политички препукавања и поени, но секој обид за ваков начин на профитерство на маката на граѓаните во моментов ќе го објавиме, па сепак граѓаните нека судат.
-Зошто министерот инсистира за набавка само по овој канал кога имаме понуда поевтина за 7 илјади долари од останатите, односно оваа понуда на Венко Филипче која што ја фаворизира од Бразил е поскапа за 7 илјади долари? Дали во ваква состојба има и сомнеж за профитерство? Сето тоа Владата треба јавно да го обелодени и да одговори на овие прашања. Ние денес објавуваме, народот нека носи заклучоци. Со детали ќе излеземе и ќе ги изнесеме во наредниот период, порача тој.
Детално, случувањата ги објаснува и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
Јанушев: Филипче ја користи ситуацијата за профитирање
Во ситуација кога Скопје е новиот епицентар на корона вирусот со 36 случаеви и кога вирусот се шири низ целата држава (Дебар, Штип, Гостивар, Охрид, Кавадарци … Филипче освен со фактографски податоци за ситуацијата преку “голиот” популистички PR, не заборави и да ја искористи вонредната ситуација за да “истера” уште некој тендер! Народски кажано: “Дно дна”!
Пред 2 дена (19.03.2020 година) Филипче вели дека постапката за набавка на респиратори не е завршена и дека допрва следи процесот на аукција на намалување на цените … и дека не е точно дека нешто се држи во тајност или се користи некаква ситуација.
Вчера (20.03.2020 година) истиот тој Филипче … или можеби Венко … вели дека проблемот е што машините во овој момент се запрени во Бразил со одлука на нивната влада. Со интензивна комуникација на МНР и нашиот амбасадор во Бразил се обидувале таа бројка на машини да ја ослободат. Тоа е единствениот (добавувачот) кој што може да ја достави бараната бројка на респираторни машини за многу краток период.
Внимавајте, во помалку од 24 часа, Венко Филипче прво тврди дека набавката е во тек и се уште не е направена аукција, а веќе следниот ден дека веќе е одлучено од Бразил да стигнат респиратори!
И додека Венко Филипче е “изгубен во простор и време” за буквално се, освен за тендерите, еве – чисто за пример, што превземаат властите во Хрватска: арената “Загреб” се подготвува како секундарен центар за оние пациенти кои немаат тешка клиничка слика, односно за пациенти со средно тешка клиничка слика на кои не им е потребен кислород и други интензивни мерки на лекување, а во истовреме хрватската армија подигнува шатори и експедитивен камп пред болниците за сместување на заболени пациенти.
Порталот „Инфомакс“ кој беше обвинет дека шири лажни вести на оваа тема, сега откако документите излегоа на виделина, од вчера ги поставува следниве прашања до Филипче:
– Набавката завршена е или не?
– Ако машините веќе се набавени, како се тврди дека се уште не е финализирана набавката?
– Вчера одговоривте дека се уште не е избрана фирма понудувач, а набавката веќе е направена?
– Ако не бил во тој момент избран понудувач, од каде сте знаеле дека треба да се ургира во Бразил?
– Зошто министерството, кризниот штаб и МНР Димитров (а го споменувале и Пендаровски) ургирале цела недела наназад кај нашиот амбасадор во Бразил да се обезбеди количина од 50 апарати?
– Зошто овие државни функционери ургирале токму во Бразил да се обезбеди оваа количина, иако уште не бил избран понудувач, не била испратена понуда од понудувачи до Министерството за здравство и воопшто не била започната постапка за набавка?
– Зошто е избрана токму фирмата „Соникс“ за добавувач на овие респиратори ако нема респиратори на лагер?
– Зошто не е избрана друга фирма која нудела поефтини, поквалитетни респиратори и ги имала на лагер?
– Дали е платена царина, поштарина и фактурата, иако се уште не е завршена набавката?
– Зошто се набавуваат по цена од 25.000 евра, кога на интернет истите може да се нарачаат за 6.000 долари преку препродавачи?
– Сега, кој шири „лажни вести“ и паника и дали Филипче ќе се извини за изнесените навреди и обвинувања?