Свадбите и прославите на затворено се забрануваат. На кафе, концерт, спортски натпревар, работилници и разни културни манифестации каде има повеќе од 30 присутни ќе се бара потврда за примена најмалку една доза КОВИД вакцина. Ова се новите мерки кои стапуваат на сила на 16 август и ќе важат за полнолетните лица.
-Сертификат засега нема да се бара за влез во трговските центри ниту во фирмите и претпријатијата со над 30 вработени, објасни министерот за здравство Венко Филипче.
Допрва ќе се прават координации со останатите надлежни институции кој и како ќе ги проверува КОВИД сертификатите на влезот од објектите.
Филипче вели дека овие мерки биле нужни бидејќи нагло се зголемиле бројките на заразени и хоспитализирани а анализите покажале дека вирусот најмногу го шират неимунизираните.