Потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче, вчера попладне беше во посета на Кавадарци и Неготино каде се сретна со повеќе целни групи на граѓани.
На средба со здравствените работници, Филипче изрази благодарност до нив за посветеноста и пожртвувавноста во борбата против коронавирусот и се осврна на политиките што СДСМ ги спроведува во здравството а кои резултираат со унепредување на здравствениот систем и повисоки плати за здравствените работници.
-Во овие четири години бележиме постојан раст на платите во здравството, обезбедивме повисоки плати за лекарите специјалисти, за медицинските сестри и техничкиот персонал, за администрацијата во здравството, ги зголемивме специлизациите и надоместоците за дежурства. Обезбедивме и дополнителен бонус од 5 отсто за оние кои беа на првата линија на фронтот против коронавирусот, а од септември ќе им се зголемат платите на оние здравствени работници кои инвестирале во своето образование и по 2015 година, посочи Филипче.
Потпретседателот Филипче истакна дека СДСМ во сиот овој период презема мерки и политики што носат напредок во секоја сфера и дека тоа никој не може да го оспори, затоа што е потврдено со официјални податоци.
-Граѓаните знаат дека само со СДСМ е можно најдоброто за секоја општина, најдоброто за нашето општество и нема дилема дека на локалните избори одново ќе ја дадат довербата на концептот на СДСМ што носи напредок во сите сфери, заклучи Филипче.