Министерот за здравство Венко Филипче во февруари месец оваа година одговарајќи на новинарско прашање за тоа колку маските можат да бидат превенција од ширење на коронавирусот, повтори дека врз основа на мислењето од експертите епидемиолози, маска на отворен простор не е начин за заштита на граѓаните, туку напротив, може да го зголеми ризикот од инфекција.
-Може да го зголеми ризикот за инфекција поради манипулацијата на маската со раце, со оглед на тоа што оваа инфекција се пренесува токму преку раце и вирусот одреден период останува на површините, истакна своевремено тогаш Филипче.
Ваквата негова изјава и од изјавата за време на вчерашната прес-конференција на која ги објави новите мерки, каде што се прпорачува задолжително носење на маска и на отворен простор, сами по себе се контрадикторни, бидејќи Филипче во еден момент вели дека маска на отворен простор не е начин за заштита на граѓаните, туку напротив, може да го зголеми ризикот од инфекција, а сега за истата препорачува да се носи и на отворено.
Еве што меѓудругото во врска со носењето на маска на вчерашната прес-конференција.
-Секој како што ќе излезе од дома ќе мора да носи маска или марама, да има прекривка на устата и на носот. Зошто? За да го избегнеме и оној ризик, можеби несвесен кога ќе се случи некакво мини групирање. Во таа смисла е целокупниот пакет на мерки. Да се избегне групирање и да се носат маски, истакна Филипче.