Во денешната изјава за медиумите на министерот за здравство Венко Филипче, од страна на новинари беше прашан дали ќе се разгледуваат барањата на угостителите кои денеска ги доставија, односно дали во практика ќе се остварат и применат тие барања.
Тој рече дека сега за сега требало да останат овие мерки на сила најмалку уште една недела.
– Сите барања ќе ги разледуваме на состанокот кој што ќе се одржи во понеделник, значи 3-4 дена. Имаат логика барањата, но во исто време сме ние во период во кој што поминуваат веќе неколку недели од попуштање на мерките. За сега нема никаква најава дека ќе има влошување на епидемиолошката ситуација заради тоа попуштање од пред неколку недели. Во секој случај ќе ја анализираме епидемиолошката ситуација заклучно со понеделник, тоа се тие двонеделни пресеци, па ќе носиме одлука. Сега за сега сметам дека овие мерки кои што се на сила треба да останат уште најмалку една недела.