четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Фирмата донатор на СДСМ, Делукс Ауто повторно доби тендер за набавка на возила

Фирмата донатор на СДСМ, Делукс Ауто повторно доби тендер за набавка на возила

Централниот регистар на Република Македонија по распишаниот оглас за набавка на единаесет моторни возила како најповолна ја избра понудата на кумановската компанија, во јавноста позната како фирма донатор на СДСМ, Делукс Ауто.

По спроведената тендерска постапка Централен регистар склучи договор со друштвото за производство, трговија и услуги „Делукс-ауто“ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово.

Вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ е 8.345.014 денари, а главен критериум за доделување на договорот е најниската цена, јавува Е-магазин.

Медиумите претходно објавуваа дека компанијата која во 2016 година се јавувала како донатор на политичката партија СДСМ, склучува сомнителни договори со институции.

Во јавноста излегоа информации дека МВР со оваа компанија во „четири очи“ се договорила за набавката на Шкоди за милион евра, односно со донирани милион евра од Република Чешка, македонското МВР лани без тендер купило 45 автомобили „шкода“ од фирма која што била донатор на владејачката СДСМ во 2016 година.

Медиумите пишуваа и дека оваа компанија најголемите тендери што ги има добиено се од општина Куманово со која раководи СДСМ.

Најнови вести