понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОКУС: Кои се Хрватите што добиле милион евра од Зеќири за физибилити-студија?

ФОКУС: Кои се Хрватите што добиле милион евра од Зеќири за физибилити-студија?

Станува збор за Данијел Иванагиќ, долгогодишен директор на вараждинската поликлиника „Вита“, и брокерот Денис Фудуриќ, кој своевремено се споменувал во контекст на обвинението за злоупотреба при приватизацијата на „Хотели Задар“, а неодамна доби милионски спор против државата, пишува ФОКУС.

Која е хрватската компанија од која веќе поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, набавил физибилити-студија за трансформација на „Македонска Пошта“ во 4 очи, што, според Јавното обвинителство, било направено во незаконска постапка, поради што Зекири веќе е во притвор, додека хрватските државјани се недостапни?

Станува збор за консултантското друштво „Интерхолдинг“, кое, според Централниот регистар, е формирано во земјава на средината на април, или само еден месец пред да ја добие првата исплата од Владата во износ од над 140 илјади евра, пишува ФОКУС.

Инаку, управител и малцински содружник на „Интерхолдинг“ е хрватскиот државјанин Данијел Иванагиќ, додека доминантен сопственик е хрватската компанија „Интерфинанце“, која, пак, според хрватскиот трговски регистар, е во сопственост на Денис Фудуриќ, со чие име се поврзуваат повеќе компании.

Целата анализа прочитајте ја на ФОКУС.

Најнови вести