Министерот за локална самоуправа и лидер на ЛДП, Горан Милевски планира да се повлече од функциите, а, според информации на Фокус, размислува и за целосно повлекување од политиката.
Како што неофицијално дознава порталот, тој прво ќе се повлече од министерската функција, додека партиската функција ќе ја извршува до следниот редовен конгрес, што треба да се одржи до крајот на годинава.
Неофицијално, најсериозен кандидат за нов лидер на либералдемократите е потпретседателката Моника Зајкова, која е еден од двајцата пратеници на ЛДП, заедно со Боби Мојсоски.
Иако Милевски и пратениците Зајкова и Мојсоски имаа различен став во однос на таканаречениот француски предлог, партиски извори велат дека дискусиите за трансфер на власта во партијата се водат во конструктивна атмосфера, без тензии и конфликти.
Целата вест прочитајте ја на ФОКУС