четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Фокус открива: „Несудената конзулка“ наплатила скоро 12 илјади евра од 5 институции

Фокус открива: „Несудената конзулка“ наплатила скоро 12 илјади евра од 5 институции

Бесмира Ејупи, поранешна тв-презентерка која владата сакаше да ја испрати за генерален конзул во Њујорк, за нецела година инкасирала буџетски средства од скоро 12 илјади евра преку 39 трансакции реализирани во текот на ланската и тековната година, пишува најновиот број на неделникот Фокус.

Според податоците од базата „отворени финансии“, ејупи во периодот 2021-2022 година фигурира како примател на средства од 5 буџетски органи под ставката „други договорни услуги“. Притоа, најмногу трансакции и најголема исплата кон Ејупи е регистрирана од државното правобранителство на чело со Фехми Стафа, потоа пари се префрлувани од општините Чаир, Сарај и Петровец.

Најнови вести