Друштво за трговија и услуги ХИДРОТЕК ДООЕЛ од Скопје ќе инкасира цели петстонини илјади евра за една година од одржување на фонтаните во Град Скопје. Ова го покажуваат податоците од договорот објавени на веб страната на Бирото за јавни набавки, склучен пред десетина дена. Одржувањето на фонтаните ќе ја преплават сметката на оваа скопска компанија, пренесува СкопјеИнфо.
Со договорот се регулираат меѓусебните односи за поправка и сервисирање на фонтаните по претходно изготвена спецификација. Извршителот има обврска со одржување да обезбеди нивно непречено функционирање. Доколку јавното претпријатие утврди дека некоја од фонтаните не функционира правилно, потребно е да ја извести компанијата која е должна да го санира дефектот.
Опозициската ВМРО ДПМНЕ изминатата недела праша дали зад одржувањето на фонтаните се крие уште една матна зделка на градот Скопје и ЈП Водовод.
Имено ЈП Водовод и градот Скопје тврдеа дека мистериозно е украдена опрема за фонтаните во износ од 60 илјади евра, за да сега да распишат тендер за одржување на фонтаните од над половина милион евра. Поточно 580 илјади евра вреди договорот кој ЈП Водовод го склучи со фирмата Хидротек. За 7 фонтани ќе се потрошат 580 илјади евра, со посебна ставка во договорот за набавка на потребни резервни делови и опрема, што отвора сомнеж дека замената на украдената опрема е многу повеќе од 60 илјади евра, изјави Сергеј Попов – член на извршниот кометите на УМС.