четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Формирано ново регионално здружение на лозари, овоштари и градинари „Тиквеш“

Формирано ново регионално здружение на лозари, овоштари и градинари „Тиквеш“

Денеска за прв пат регистриравме регионално здружение Градско, Росоман, Кавадарци, Неготино и Демир Капија. На регион лозари, овоштари и градинари. Да се здружиме сите заедно, да си ги кажеме нашите маки и да ги решаваме нашите маки заедно, вели претседателот на Регионалното Здружение  за лозари,овоштари и градинари „Тиквеш“ Златко Стојчев.

Тој посочи дека како земјоделци имаат многу проблеми посебно кога доаѓа бербата на грозјето во Тиквешијата, но дека не се задоволни од страна на министерот бидејќи како што рече Стојчев министерот вчера бил во Кавадарци но само се сликал и си заминал што кај нив се создал дополнителен револт.

-Баш вчера беше министерот, дојде се слика и си замина и многу сме револтирани, изјави Стојчев.

Стојчевски посочи дека очекувана цена на килограм грозје  годинава е  17 за смедеревката , 18 денари за Кратошијата “Вранец„, но и дека бара помош и поддршка од сите партии иако наидел на реакција од страна на претходното здружение затоа што бил на средба во ВМРО-ДПМНЕ за да побараат поддршка и да ги кажат проблемите на земјоделците од Тиквешијата со кои што се соочуваат секоја година.

-Ми велат слушај  ти Златко ти беше во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Јас им велам и во ДУИ бев. Јас барам помош од сите и поддршка од сите. Затоа што јас најавува голем штрајк. Јас сам штрајкот не можам да го направам, од сите партии ќе побарам помош и ако треба и сега истото ќе го направиме ние, објасни Стојчев.

Стојчев нагласи дека има голема поддршка и од другите земјоделци бидејќи владата им ветила исплата на еден денар за откупено грозје, како и исплата на грозје во винариите Повардарие и Стефани, но дека иако им ветиле се уште ништо не им исполниле.

-Денарот кој што ни го ветија не ни го дадоа, најбитни работа, не испатено винариите  Повардари, исто и Стефани не е исплатена. Тоа беше фарса за да не смират тогаш за тогаш и тоа го направија на многу културен начин но од тогаш наваму нема ништо, кажа тој.

Најнови вести