Форум на тема „Што е потребно за добра контрола на дијабетесот и среќно семејство“ ќе се одржи денеска во СЦ „Борис Трајковски“, во организација на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија Баланс МК.
На форумот ќе се обрати министерот за здравство Венко Филипче кој ќе говори на тема „Стратешки планови за подобрување на состојбата со детски дијабетес во Македонија“. Најавено е и обраќање на претседателот на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија Баланс МК, Наташа Деспотовска и здравствени експерти-ендокринолози.
Форумот се организира во пресрет на одбележувањето на 14 номеври, Светски ден на дијабетесот.
МИА