вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Ахмети немал бројач на пари во Кабинетот, сликата е од канцеларија на косовски бизнисмен

ФОТО: Ахмети немал бројач на пари во Кабинетот, сликата е од канцеларија на косовски бизнисмен

По објавувањето на фотографијата на Али Ахмети на која може да се види апарат за броење на пари, која беше распространета од повеќе портали на албански јазик, со демант реагираат од ДУИ.

Од неговата партија велат дека тоа не е од кабинетот на лидерот на ДУИ, туку од канцеларијата на косовски бизнисмен, каде  Ахмети бил фотографиран.

Од партијата додаваат дека станува збор за канцеларијата на сопственикот на компанијата Татковина од Гнилање, Исмет Сулејмани, кој, како што велат од ДУИ, бил ветеран на ОВК и голем поддржувач на албанската кауза.

На фотографија што привлече големо внимание на социјалните мрежи Ахмети гледа во портретот на основачот и водачот на ОВК, Адем Јашари, но поголемо внимание привлече детаљот со бројачот на пари.

Најнови вести