Предизвикот на Бојан Киров, именуван како 5000 метри за 5000 луѓе со Т1Д е завршен.
-Искачувањето помина во најдобар ред. Со поддршка од голем број наши фејсбук фанови, пријатели, љубители на природата и случајни минувачи, Бојан успешно ги помина предвидените 5 искачувања, со што се одбележа 14 ноември, Светскиот ден на дијабетесот, стои во соопштението.
Предизвикот на Бојан и исполнувањето на неговата цел нека биде поттик останатите луѓе да извлечат мотивација и да почнат да спортуваат.