петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Чулев на средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ

ФОТО: Чулев на средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ амбасадор Клеменс Која.

На средбата, информираат од МВР, амбасадорот Која беше запознат со заложбите на министерството за внатрешни работи за организирањето фер и демократски избори и активностите на полицијата во таа насока.

Чулев побарал поддршка од ОБСЕ Мисијата особено за одржувањето обуки за новите полициски службеници кои за прв пат во својата служба ќе се соочат со работни задачи поврзани со изборниот процес.

Двајцата соговорници договориле континуирана комуникација и интензивирање на меѓусебната соработка со цел успешна имплементација на активностите поврзани со претстојните парламентарни избори.

Најнови вести