Портпаролот на ГРОМ и советник во Градот Скопје, Александар Трајановски денес го најде својот автомобил демолиран.
Тој на социјалните мрежи објави фотографии на кои се гледа дека стаклата од возилото се целосно уништени.
Напаѓачите и мотивите засега не се познати. Корисниците на социјалните мрежи коментираат дека ваквите чекори се „ниски удари“.