четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Директорите, пратеникот и градоначалникот од СДСМ ги прекршија протоколите- велат добиле покана од РФМ, од таму се оградуваат

ФОТО: Директорите, пратеникот и градоначалникот од СДСМ ги прекршија протоколите- велат добиле покана од РФМ, од таму се оградуваат

На вчерашниот натпревар помеѓу Македонија и Данска и покрај забраната за публика, директорот на Зоолошка градина, Ѓорги Галетановски, директорот на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, Филип Андов, пратеникот Дарко Каевски, градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски и неговиот брат спротивно на протоколите присуствуваа на натпреварот.

Објавија и заедничка фотографија на социјалите мрежи.

Пратеникот Каевски и градоначалникот Темелковски за А1он кажале дека добиле покана од Ракометната федерација на Македонија, но генералниот секретар на РФМ се оградува од упатување било каква покана.

-Како федерација апсолутно и максимално ги почитуваме сите здравствени протоколи и превентивни мерки. Јас како генерален секретар на РФМ се оградувам од упатување каква било покана, изјавил Филип Милошоски за А1он.

Најнови вести