вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Двајцата директори од ФЗО кои ќе возат супер луксузни службени автомобили

ФОТО: Двајцата директори од ФЗО кои ќе возат супер луксузни службени автомобили
пресс 24

Директорите на Фондот за здравствено осигурување Стево Крстевски и Фатон Ахмети ќе возат автомобили на Форд марка „Mondeo titanium“. Двата автомобили чинат над 5 милиони денари или околу 80 илјади евра.

Според информациите, набавката е направена затоа што им се потребни нови возила, бидејќи сегашните кои ги возат биле стари.

Ова се биографиите на двајцата директори на ФЗО.

Стево Крстевски е именуван за В.Д Директор во Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија на 03 ноември 2020 година.

Стево Крстевски е роден на 14.05.1984 година во Велес.

Во академската 2002 до 2006 година дипломира економски факултет, насока Сметководство и Ревизија на Универзитетот Св. “Кирил и Методиј” во Скопје

ПРЕТХОДНО ИСКУСТВО

Од 2008 – 2016 година на позиција Управител на Vojce DOOEL Велес

Од 2017 – 2020 година на позиција Управител на Account Office-SKS-DOOEL Велес.

Советник во Општина Велес од 2017-2020 година.

Компјутерски вештини MS Office пакетот

Познавање на странски јазик Англиски јазик

Женет татко на едно дете.

Фатон Ахмети, роден 1987 година, во Тетово, Република Северна Македонија.

Има завршено дипломски студии по фармација, магистерски студии по фармацевтски науки и магистерски студии по бизнис администрација – менаџмент.

Во периодот 2009-2017 бил ангажиран на различни проекти во здравствениот сектор, на повеќе позиции: проект менаџер, менаџер на квалитет, менаџер на корисничка поддршка и аналитичар на работни процеси.

Во периодот 2017-2019 ја извршувал функцијата државен секретар во Владата на Република Северна Македонија – Секретаријат за спроведување на Охридскиот рамковен договор.

Во периодот 2019-2020 бил ангажиран како раководител на одделение во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

Зборува течно албански јазик (мајчин јазик), македонски и англиски. Има солидни познавања на германски јазик, а се служи со турскиот, српскиот и хрватскиот јазик.

Владее со напредни вештини во ИТ технологија како: пакетот Microsoft Office (Word, Excel, PowerPoint, Access, Outlook, Visio, Project). Поседува одлични вештини при користење на апликации за научни истражувања како IBM SPSS и MegaStat.

Од 2005 година е член на Демократска унија за интеграција, актуелно е член на Централниот Совет.

Брачна состојба: женет, татко на едно дете.

 

ВМРО-ДПМНЕ: Директорите на Заев во ФЗО да се откажат од луксузните автомобили, во корист на набавка на болнички возила

За оваа набавка, денеска реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ. -Купување на луксузни автомобили во ек на пандемија и безпарица со буџетски пари за директорите на ФЗОМ се граничи со лудост и е доказ колку СДСМ се одлепени од реалноста, велат во партиското соопштение.

-Власта нема пари за болнички возила, за инсулини и клексани, ама има за два ултра луксузни Форд Мондео титаниум. – Срамота! Стево Крстевски и Фатон Ахмети, двајцата директори на ФЗОМ кои ги купуваат возилата за себе веднаш да го раскинат договорот и со истите пари да набават две болнички возила. Овааа набавка е уште понесфатлива ако се земе предвид фактот дека владата набавува 45 возила за министрите и директорите. Ова е врв на расипништво и не сакање да се скрати од луксуз во време кога на народот му го земаат лебот од уста. Како се чувствуваат Крстевски и Ахмети кога би седнале во луксузните лимузини, знаејќи дека половина милион луѓе живеат со 2 евра на ден, 60.000 останаа без работа изминатата година, 6.200 фирми се затворија? Како можат да се луксузираат со народни пари, а на народот да му зголемуваат даноци и да му го земаат и последниот денар?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести