Два дена откако ги земал парите од Орце Камчев, Боки 13 на Инстаграм споделил фотографија под која напишал „Насмевни се и не бери гајле“.
Примопредавањето на парите меѓу Камчев и Бојан Јовановски било направено на 20 февруари, а само два дена потоа, на 22, Боки 13 ја споделил оваа фотографија.
Два дена откако го набрал милионот од Камчев, Боки Тредичи на инста се пофали дека не бери гајле: pic.twitter.com/56YBo0YkNm
— Брадестиот (@_Bradestiot) August 8, 2019
Инаку, италијански медиум утрово објави видеото на кое јасно се гледа броењето на парите, како и излегувањето на Боки 13 и Зоки Кичеец од кај Камчев.
Притоа е пуштен и дел од разговорот меѓу Орце Камчев и Бoки 13, на кое Боки му објаснува на Камчев дека понеделник, најдоцна вторник ќе биде ослободен.