Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, вчера испратил телеграма со која побарал до 20 часот да се вратат 30-ина службени возила кои ги користеле функционерите на поранешниот министер, Оливер Спасовски. Всушност возилата што тој бара да бидат раздолжени се користеле несоодветно, односно станува збор за злоупотреба. А, од возилата за кој е утврдено несоодветно користење, досега само едно е вратено, а останатите сеуште се користат надвор од процедурите на МВР.
Нспроти наредбата на Чулев, службени возила од кабинетот на Спасовски, утрово се забележани паркирани на ПИН Петрол Куманово.
Дополнителната заменик-министерка Славјанка Петровска, вчера изјави дека е можно со оваа наредба на Чулев, техничкиот министер да направил некој превид, но, очигледно е дека станува збор за ставање крај на злоупотребите со службени возила, кои против правилата, задолжените функционери ги користат и за приватни потреби.
Според информации до кои дојде „Нетпрес“, една од блиските соработнички на Оливер Спасовски и гласен активист на СДСМ, Сунчица Алексовска, и покрај наредбата од министерот, вчера со службениот автомобил си отишла дома.
Уште еден пример за беззаконието при користењето на службените возила, за којшто како поткрепа јавноста може да види и фотографија, е „присвојувањето“ на службеното возло од советникот во кабинетот на Спасовски, Љубиша Ристовски, и неговиот син којшто е вработен како полицаец. Тие службеното возило, нерационално и без проблем го користат за свои потреби на релација Куманово-Скопје-Куманово.
Чулев со став дека водењето сметка за инвентарот и опремата на Министерството за внатрешни работи не е ,спорна одлука’.
„За волја на вистината, од десетици возила за кои е утврдено несоодветно користење, само едно е вратено, а останатите сè уште се користат надвор од правилата и процедурите на МВР“, посочи тој.