Градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски очигледно практикува да ги следи постапките на неговите претпоставени, па изгледна тргнал по стапките на вицепремиерката Радмила Шеќеринска.
Имено, откако претходно на социјалните мрежи се појавија фотографии од министерката за Одбрана Радмила Шеќеринска како гордо позира под обележја на УЧК, сега повторно во јавноста излегоа нови фотографии, овој пат од градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски кој што позира пред обележје на УЧК.
Имено, станува збор за фотографија на која што градоначалникот на Бутел со уште неколку лица се фотографирани под обележје на УЧК и постер на Адем Јашари.