На граничниот премин кај Делчево почна „лепењето“ на таблите со новото уставно име на Македонија- Република Северна Македонија.
Новото име, Република Северна Македонија стапи на сила од вчера со пристигнувањето на Вербалната нота од грчкото МНР и објавувањето во Службен весник.
Таблите на граничните премини на кои е напишано името на државата се планира да бидат променети во текот на денот, најави директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски.