Државната изборна комисија на својата интернет страна ја објави излезноста на референдумот до 11 часот во сите општини.
Своето гласачко право до 11 часот го оствариле 8,03 проценти од граѓаните, според податоците на ДИК.
Највисока излезност е регистирана во Центар од 13,31 проценти, додека најниска во Босилово од само 3,30 проценти од запишаните избирачи.
Следната прес-конференција, Државната изборна комисија ќе ја одржи во 13:30 часот.