сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Кандидат за пратеник на македонска владејачка партија агитира кај Роми во Куманово

ФОТО: Кандидат за пратеник на македонска владејачка партија агитира кај Роми во Куманово

До редакцијата на КУРИР пристигнаа фотографии на кои кандидат за пратеник на македонска владејачка партија агитира кај ромското население во Куманово.

Имено, тој истовремено е и претседател на истата партија во ромското маало Средорек.

Изминативе неколку денови бевме сведоци на серија вакви настани во која беа вклучени и градоначалници на неколку општини во Македонија.

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев изминативе неколку дена апелираше до граѓаните да не го прекршуваат изборниот закон, а ваквиот настан во Средорек е грубо прекршување на законот.

 

Најнови вести