Откако беше физички нападнат во Охрид и со владин бугарски авион беше испратен на лекување во Софија, секретарот на бугарскиот клуб “Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков, беше посетен од министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговиот бугарски колега Николај Милков.
Бугарите покажаа вознемиреност од чинот што “нивни“ човек бил нападнат во Македонија иако неговото изјаснување за Бугарија воопшто не била причина за физичката пресметка.
Полицијата уапси три лица од Охрид како осомничени за физичкиот напад врз нивниот сограѓанин во еден угостителски објект.
Како што јавија дел од медиумите, дали напанатиот Христијан Пендиков воопшто смеел да ја напушти државата не биле прашани ниту од јавното обвинителство, со оглед дека против Пендиков пред еден месец е поднесена кривична пријава за трговија со кокаин. Дали се прекршени процедурите обвинителството допрва ќе проверува.
Оттаму додаваат дека за овој конкретен случај биле превземени соодветни мерки.
-При разговор со обвинителите оштетениот Пендиков даде два искази кои сосема се разликуваат. Првиот пат тврдеше дека бил нападнат од три лица кои ги познава, додека при вториот распит тврдеше дека бил нападнат од едно познато и две непознати лица. Несовпаѓања има и во дел од исказите на сведоците на инцидентот, но обвинителите ги обезбедија сите снимки со кои ќе се расчисти случајот, посочуваат од обвинителство.
Бугарите кои експресно пратија авион да го земат и лекуваат, сепак, не знаат дека тој пред некое време немал баш убави зборови за нив. Тој тогаш се претставувал како горд Македонец.
Ова се дел од неговите коментари:
„Јас немам македонски пасош, а не дај Боже бугарски“.
„Тоа е Пиринска Македонија“.
„Не е Бугарин, тој е Македонец“.
„Секој треба да се бори за Македонија затоа што друга татковина немаме“.