Цела Македонија се гуши во енормно загадување, а надлежните молчат.
Ветените предизборни и постизборни решенија се уште чекаат реализација, а во меѓувреме револтот кај граѓаните е се поголем, а здравствените проблеми се почести.
На низата апели од граѓаните дека нешто е потребно итно да се превземе, надлежните без слух за проблемот. Наместо решение и реакција на овој проблем, заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули вели дека е на „прав пат“.
Според објавата на неговиот Фејсбук профил, Макрадули во Неготино се сретнал со поранешните партиски секретари со кои, како што вели, разговарале за досегашните успеси. На кое поле се успесите, не е наведено.
-Средба со поранешните претседатели и секретари на ОО СДСМ Неготино. Вечерва бевме заедно меѓу жителите на општина Неготино со кои разговаравме за досегашни наши заеднички успеси, и за нивните нови предлози, пишува Макрадули на Фесјбук.