Малиот Теодор, Игор, Сашко, Дарко, Павле, Зоран, и Никола го исчистија дворот на Свети Никола во село Буриловци, стои во Фејсбук статусот на страницата Village of Mustafino.
За црквата се вели дека потекнува од 9-от век и е една од НАЈСТАРИТЕ ЦРКВИ во Македонија.
– Заштитена е како споменик на културата во државата, но токму ваквите акции се она што ги држи нејзините темели цврсти и после илјада години постоење, се додава во објавата.