Читател на Маркукуле испратил фотографија од фискална сметка од ресторан за која вели дека никако не може да ја скенира и да си врати ДДВ.
Читателот не кажува во кој ресторан е направена фотографијата од така наречената фискална сметка, но упатува повик до министерката за финансии, доколку сакаат проектот да биде успешен и граѓаните да имаат бенефит од истиот, да ги зголемат контролите и да проверат какви се сметки се издаваат.
Инаку анкетата на емисијата „Детектор” покажa дека 64,7%, што е речиси две третини од анкетираните, воопшто не скенираат фискални сметки, додека 34,2% го прават тоа.
Извор: Маркукуле.мк