Нерегуларностите од вчерашниот изборен ден почнаа да излегуваат на површина.
Имено, советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје Светлана Колариќ на својот Фејсбук профил објави фотографија од записник на од избирачкото место 2788 во Кисела Вода на кое се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоиле 200 гласови, СДСМ и нивната коалиција 87 гласови, а партијата Левица 43.
Но она што загрижува, е фактот што на веб страницата на ДИК се објавени сосема поинакви резултати, односно дека СДСМ освоиле 255 гласови, а ВМРО-ДПМНЕ 233 гласови.
Исто така вреди да се напомени дека во записникот од ова избирачко место стои дека партијата Левица освоила 43 гласа, а на страницата на ДИК внесени им се само 32 гласа.