Откако „Слободен печат“ неодамна објави за смртта на 33- годишната пациентка, која првично беше примена на Клиниката за гинекологија и акушерство, а потоа и беа направени три операции, сега стапи во контакт со нејзината сестра со која комуницирала во последните мигови пред смртта.
– Би сакала на народот да му покажам што ми пиша додека беше во болница. Сите да видат и да прочитаат дека беше жива ја кажа вистината за фаталната грешка на лекарите, вели Билјана, сестра на починатата пациентка, за Слободен печат.
Пораките кои ќе ги објавиме ја покажуваат болката и голготата како и стравот од исходот од оперативните зафати, низ која поминувала младата пациентка со потекло од Охрид, а живеела во Скопје.
Нејзината сестра Билјана исто така јавно го објави и отпусното писмо од Клиниката за дигестивна хирургија.