четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Одржана втора работилница преку програмата на ЕРАЗМУС+КА2 на „АКАДЕМИЈА ЛЕОНТИЌ“

ФОТО: Одржана втора работилница преку програмата на ЕРАЗМУС+КА2 на „АКАДЕМИЈА ЛЕОНТИЌ“

Со проектот под  секторската програма  ЕРАЗМУС+ КА202  Проект координаторот Васка Леонтиќ го раководи овој проект, кој започна уште  од 2017 и проектот ќе трае до 30.09.2019 година. Партнери на овој проект на  Приватно Средно Училиште ’’АкадемијаЛеонтиќ’’ се  две стручни училишта и тоа од Шведска, Малме и Литванија, Вилниусво  проектoотнасловен ,,Здобивање знаење за европските стандарди за развој на козметички производи од органско потекло‘‘.

Дел од активностите и подготовките на овој проект е да се организираат работилници се со цел да се олесни и збогати, изработката на интелектуалниот труд.

Ангажираните експерти и стручњаци кои се и учесници на мобилностите, имаа обврска  да ги разменат и пренесат  своите искуства низ пракса на своите партнери.

Од организираните  работилници,координаторите на сите три училишта, ги селектираа и ги одбраа клучните и најбараните теми од секојдневието,како за потребите и примената на практичната настава исто така и за потребите на крајните корисници. Ситеобуки кои  ќе бидат сработени,партнерите и сите учесници на мобилноста имаат задолжениедаги пренесат стекнатите вештини, преку семинари ибидат информирани и другите наставници и мајстор предавачи.

За време на работилниците се пренесуваат искуствата, меѓусебно се испробуваат третманите и сето искуство се пренесува, сите информации се употребуваат како краен резултат на овој проект како евалуација и дисеминација, а тоа подразбира подготовката  на прирачникот, кој ќе може секој заинтересиран за изработка на креми од  органско потекло и како се применуваат истите производи и во специјализирани козметички салони и примената и во домашни услови,да го  користат прирачникот, кој ќе биде објавена социјалните мрежи на нашата веб страна и на страната на мобилититоолс на европска унија.

Првата работилница беше организирана во Вилниус,Литванија, а втората и последна работилница се организира во Скопје, Македонија во период од 15.10-20.10.2018 година во просториите на ПСУ. АкадемијаЛеонтиќ.

Првата работилница беше на тема изработка на органски креми, додека втората работилница беше примена на  разновидни билки кои се користат во козметичките салони при изработка на третмани според потребите на клиентите и примена на органски креми и маски.

На оваа работилница им беше презентирано на партнерите,како се складираат природните исушени билки,како се комбинираат меѓусебно,како се раствораат и како се подготвува целиот протокол на изработка на третман на лице и тело од природни билки.

Ова се третмани кои не предизвикуваат алергии ,нема додатоци од  хемиски состав на креми или друг тип на козметички производи.

Другиот дел од обуката беше,примена на латекс третмани и термо третмани според различен тип на кожа според возраста.

Сиот подготвен материјал од двете работилници ќе биде искористен во прирачникот, истиот ќе биде промовиран по пат на работилници и конференција која ќе се одржи во Скопје во период Мај 2019 година.

Благодарение на овие проекти, имаме можност да согледаме како се користат третманите низ Европа, како трендот на мануелната работа се повеќе се применува, а електричните апарати се отфрлаат од примената во козметичките салони.

Најнови вести