Катастрофалната ниска цена која владата им ја понуди на овоштарите за откуп на јаболката по цена од 1 денар за 2 килограми, ги револтираше производителите на јаболка.
Тие одлучија да го фрлат својот род.
Откупот на овогодинешната реколта на јаболката во цела држава се одвива во катастрофални услови, а особено во преспанско-ресенскиот регион каде оваа овошка е најмногу застапена.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев пред неколку дена преку социјалните мрежи го потсети премиерот Зоран Заев за неговите дадени ветувања, нагласувајќи дека високите цени за откуп кои ги ветувал Заев, денес се сведени на срамни 1 денар за 2 килограми јаболка.
-Денес во Преспа се откупуваа 2 кила јаболки за 1 денар. Да, добро прочитавте: 2 кг за 1 денар !!! Вака ЛАЖЕШЕ и СУШЕШЕ Заев. Ветуваше ВИСОКИ цени и ГАРАНТИРАН откуп. Лажење без усул. Еј, 2 килограми за 1 денар. Срамота! Оставка! Оставка! Оставка, напиша Ѓорчев на социјалните мрежи.