среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Плагијаторската влада на СДСМ и Ковачевски го копира ВМРО-ДПМНЕ

ФОТО: Плагијаторската влада на СДСМ и Ковачевски го копира ВМРО-ДПМНЕ

Владата на СДСМ повторно ја копира опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Капацитетот на власта за иновативност и кретивност е речиси еднаков на нула.

Откако вчера Македонија прослави 32 години од нејзината независност, владата на СДСМ и Ковачевски организираа ласерско испишување на Кале, кое претходно веќе е направено од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во знак на одбележување на роденденот на државата, владата испиша 8 Септември и слоганот ,,Гласник на слободата”, каде што повторно изостануваше името на државата Република Македонија.

Покрај плагијатот за слоганот за изборите во 2016та година ,,Живот за сите” од српска политичка партија Двери, копирање и фалење со завршени проекти од владата на ВМРО-ДПМНЕ, сега владата на СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски прави плагијат и на идеите на ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, оваа идеја за ласерско испишување на Кале најпрвин ја направија ВМРО-ДПМНЕ лани на 18 јуни кога организираа протест, а ден пред големиот протест на Кале, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ објави видео во кое се гледаше како течат подготовките пред протестот, а Кале беше освелено и на него беше испишано ,,Протест за промени”.

Ова е целосно потфрлање на скапо платените пи-арџии во владата на СДСМ и Ковачевски, кои месечно од Буџетот земаат по десетици илјади евра, но во недостаток на свои креативни идеи ја копираат опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

И овој плагијат се случува токму во време кога власта на СДСМ во моментот води еден кампањата со плагијат на слоганот.

Кампањата со слоганот ,,Ние сме Европа” е платена 80.000 евра од народни пари, која што воопшто и не е некоја новина, со оглед дека овој слоган е веќе неколку пати до сега употребуван во кампањи од други држави.

Со ова повторно излезе на површина неспособното работење на владата и скапо платените пиарџии, кои никако да измислат нешто свое, оригинално или изворно, туку мораат да ја копираат идеите на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести