Сто припадници на македонската армија пред неколку дена пристигнаа во Словенија за да помогнат во справувањето во големите поплави кои ја зафатија оваа држава.
Армиските припадници во пристигнувањето отпочнаа со ангажирање во дел од најпогодените реони од катастрофалните поплави.
-Стручноста и посветеноста на нашите армиски инженерци се покажа на дело при учеството во експресното поставување на нова конструкција на мост во Межице. Неколкумината припадници од инженерискиот баталјон кои се дел од нашиот состав кој се наоѓа во Словенија, воедно управуваат со доделената механизација во сите предвидени активности во справување со последиците од катастрофалните поплави, објавија од АРМ.