Златко Марин сам да ги лепел плочките немаше вака да тече вода по сите шавови од фонтаната!
Честитки за “пројектот” од 720.000 евра Парк Бојмија, со централна фонтана пуштена вчера- завчера во употреба, пишува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
-Врв на сето е што на само неколку метри од поплавата е игралиштето за фудбал со исушена трева, затворено во мрежа со назнака “ЗАБРАНЕТ ПРИСТАП ЗАРАДИ ОШТЕТЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ИНСТАЛАЦИЈА”!!
Не знам што повеќе да кажам за Златко Марин и за Општина Аеродром, освен резил и беспоштедно пустошење на општинскиот буџет.
720.000 евра! Една фонтана не знаат да направат!
Видеото и фотографиите говорат сами за себе. На рекламните прилози за Парк Бојмија по телевизиите ова нема да го видите.
*Еве линкче од рекламите
https://kanal5.com.mk/opshtina-aerodrom…/a447013