Со влечење на администрацијата од цела држава, СДСМ денеска ќе маршира во Скопје за правда.
Партијата го има утврдено потребниот број на луѓе од секоја општинска организација кој треба да учествува на денешниот марш наречен „Чекориме за правда“.
Според списокот, СДСМ бара 1000 луѓе од Куманово, по 300 од Штип и Велес, по 100 луѓе од Гостивар, Крива Паланка, Свети Николе…
Од СДСМ вчера објавија дека во понеделник во 18 часот ќе чекорат во име на правдата од Собранието до Судот, местото каде очекуваат да видат правни разрешници.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ваквиот потег на СДСМ и Зоран Заев го оцени како хипокризија и лицемиерие.
-Предводникот на неправдата овие три години ќе прави марш за правдата или во реалност марш за спас на милионите на Вицето, марш за спас на плантажите од марихуана на неговите роднини, марш за спас на Заев од Рекет, марш за спас на убијците кои ги пуштија на слобода овие три години. Патеката по која утре ќе чекорат е истата по која ќе си заминат после 12-ти април, изјави на вчерашната прес конференција Мицкоски.