четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Се одржа 48. издание на традиционалната манифестација Галичка свадба

ФОТО: Се одржа 48. издание на традиционалната манифестација Галичка свадба
ФОТО: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Од 15 до 17 јули се одржа 48. издание на традиционалната манифестација Галичка свадба на која годинава по старите галички обичаи се венчаат младенците Илчо Димитров и Елена Дуровска.

ФОТО: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Интересно за овогодишната Галичка свадба е што покрај нив, во црквата „Свети Апостол Павле“ во ист ден беа венчани и Искра Блажевска и Марко Бекриќ, додека Марија Крстевска и Владимир Черепналковски ќе го кажат судбоносното „да“ во Галичник, на 28 август.

ФОТО: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
ФОТО: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Програмата на годинешната Галичка свадба започна на 15 јули вечерта, со јубилеен концерт посветен на великанот на народната песна Александар Сариевски, кој родум е токму од Галичник, а годинава се навршуваат 100 години од неговото раѓање и 20 години од неговата смрт. Тоа што е интересно е дека годинешниот галички зет Илчо Димитров во текот на свеченостите ја носеше личната народна носија на легендарниот Сариевски.

ФОТО: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
ФОТО: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Свадбените активности традиционално започнаа вчера, 16 јули, со поставување на свадбарскиот бајрак и симболичниот чин на „фрлање три пушки“ од куќата на зетот. Потоа беа изведени свадбарските ритуали – „пречек на топаните“, свекрвата го одигра свекрвиното оро, а членовите на „Фолклорни бисери“ од Скопје го одиграа орото „Тешкото“. Исто така, на платото пред опеаната чешма Упија беа одиграни „Невестинското“, „Манукот“ и други ора.

ФОТО: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Венчавањето на младенците беше извршено денес, 17 јули, во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“

Покровител на Галичката свадба е претседателот Стево Пендаровски, а еден од традиционалните поддржувачи на манифестацијата е Министерството за култура.

Најнови вести