четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: ТВ21 го најде Агим Исмаиловиќ, демантира дека се обидел да избега

ФОТО: ТВ21 го најде Агим Исмаиловиќ, демантира дека се обидел да избега

ТВ21 го најде Агим Исмаиловиќ, обвинетиот по кој МВР трага, откако наводно избегал од Кривичниот суд, каде што денеска имаше рочиште за предметот „Монструм“.

ФОТО: ТВ21

Од МВР за ТВ21 претходно рекоа дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

ТВ21 разговараше со Исмаиловиќ, а разговорот ќе го емитуваме подоцна.

Откако судот издаде решение, се очекува МВР да го приведе Исмаиловиќ и да го однесе во притвор.

Исмаиловиќ и Азири се обвинети во случајот Монструм кога на 12-ти април 2012-та беа убиени 4 момчиња и еден жител на Смилковци во близина на Смилковско Езеро. Обвинетите веќе беа осудени на доживотна казна но таа беше укината во Врховниот суд, а случајот го презеде СЈО.

 

Најнови вести