Вистински Масакар со сечата на дрва се случува по планините низ Македонија, а истото за жал се случува и на Драчевска планина (Празни Торба) – Јакупица, пишува на својот Фејсбук профил Јане Ацевски.
Во продолжение интегрално со фотографии ви ја пренесуваме објавата на Ацевски:
Што да кажам ?????
Преку триесет години сум по нашиве шуми речиси по сите планини во Македонија, но ваков МАСАКАР немам видено.
Има ли во Македонија шумарски инспектори и ако има како го дозволиле ова. Нема да навлегувам во стручно објаснување што е направено и зошто. И за обичен лаик е се јасно, а не за шумарски инжињер.
Искрено се застрамив самиот пред себе од мојата струка. Нема понатаму да коментирам, само ќе казам Страм и Арам за сите што се дел од ова.
Драчевска планина ( Празни Торба) – Јакупица
Легална сеча (пред 5 години)
Гола (чиста) сеча во букова шума на голема површина, пишува Ацевски во својата објава.