петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Вработените од ОХИС на протест пред судот- си ги бараат заостанатите 24 плати

ФОТО: Вработените од ОХИС на протест пред судот- си ги бараат заостанатите 24 плати

Поранешните вработени во ОХИС денеска протестираа пред Основниот суд 1 во Скопје откако судот донел правосилна одлука да им се исплатат заостанатите 24 плати.

ОХИС владата го продала во тајност за 7 милиони и 150 илјади евра подвижен и неподвижен имот, а вработените се уште немаат земено ниту денар.

На протестите во средата пред владата вработените изјавија дека Анѓушев на средбата со нив им изјавил дека не е тој султан да им дели пари.

Тие изјавија дека во понеделник ќе одат кај премиерот Заев да си ги бараат своите заостанати плати.

 

ОХИС повторно на протест- Кочо Анѓушев со порака до вработените: „Не сум јас султан да делам пари, пари нема“!

Вработените од Охис повторно излегоа на протест. Како што велат, го бараат тоа што го изработиле, односно за дел од нив и до 24 плати. Имале средба со министерите Анѓушев и Тевдовски, но си заминале со порака дека пари нема.

-Конкретно нашето барање е да се исплатат 24-те плати кои државата им ги должи на вработените и да им се платат придонесите. Ќе го цитирам Кочо Анѓушев ни рече: Не сум јас султан, па да делам пари… Ние бараме нешто што сме обработиле, некој треба да земе 8, 16 или 24 плати и морам да потенцирам дека сите имаме извршни решенија. Од 2013 година имаме 16 плати за кои не е платен придонес и осум плати од 2008, значи фактички платите ние ги чекаме 10 години, сите беа кај извршител и сите ни рекоа дека не може да извршат наплата поради тоа што владата нема жиро сметка, вели вработен во Охис.

Вработените велат дека не се задоволни од соработката со владата и дека тие ќе продолжат со протестот додека владата не ги исполни нивните барања.

Најнови вести