петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: За војската расипано пилешко, за министерката лешници и бадеми?!

ФОТО: За војската расипано пилешко, за министерката лешници и бадеми?!

Пилешко месо со изминат рок било поделено во саботата во касарната Чојлија , тврдат извори на НетПрес, додека јавноста уште ги памети скапите набавка на слатки, морски плодови и апетисани за министерството за одбрана.

Според соговорниците за порталот, кои им ги испратиле и фотографии од месото, пилешкото било со изминат рок, односно дека рокот на трајноста бил прелеуван со нова лепенка и преправан дека е во ред.

Но, изворите тврдат, дека месото е „скиселено“ и „мириса дури и преку целофанот“.

Во официјалните известувања нема такво нешто. Имаме неколку контроли, и при самиот прием и при самата подготовка на прехранбените продукти, и не би можело да се случи такво нешто. Храната за посочениот објект се подготвува во Петровец, и истиот ден е поделено и во други објекти, велат од Канцеларија за односи со јавност на Генералштабот наа АРМ за НетПрес, истакнувајќи дека до нив не е дојдено никаква таква информација или, пак, поплака.

Сметаат дека станува збор, како што рекоа, најверојатно за индивидуално чувство на вкус, како и дека по направените проверки по јавувањето на НетПрес било утврдено дека рокот на трајноста на пилешкото месо е уште три години.

Во јавноста се’ уште се свежи сеќавањата на, во најмала рака, скандалозни набавки и критиките оти  намеесто инвестиции во посилна и помодерна армија, Министерството за одбрана предводено од вториот човек во СДСМ, Радмила Шекеринска, инвестира во елитистичките желби на министерката, како што се набавката на лешници и морски плодови.

Така повеќе од 60.000 евра беше вредноста на тендер на Министерството на одбрана, парафиран од министерката Радмила Шеќеринска ланскиот октомври, но не за потребите на војската во смисла на вооружување, униформи или, пак, квалитетна храна за војниците. Тогаш стануваше збор за тендер за набавка на колачиња и торти кои треба да се поделат во МО, но и во неколку касарни низ земјата.

Шекеринска инаку беше на удар на критики на јавноста откако набрзо по стапувањето на функција првиот тендер на МО беше оној за набавка на морски плодови, а неколку дена подоцна и за апетисани (бадеми, ореви, лешници).

 

Тогаш на Електронскиот систем за јавни набавки, имено беше објавен Оглас за доделување договор за јавна набавка за Министерството за одбрана во вредност од токму, без ДДВ, од 4.860.952,00 ’денари. Од описот може да се забележи дека покрај замрзнатие скуши и ослиќи кои најверојатно ќе завршат во касарните, ресорот на Шекеринска ќе набавува и скапите риби како свеж крап од „екстра класа“, котлети од лосос, шкарпина, пангаа, па лигни, школки дагњи и ракчиња шкампи.

Шекеринска и на почетокот од септември минатата година изврши набавка на морски плодови, според оглас за кој договорен орган беше Министерството за одбрана, исто така, за 4.860.952,00 денари без ДДВ, односно околу 80.000 евра, откако десетина дена претходно за потребите на нејзината трпеза во министерството објави набавка на лешници, бадеми и ф‘стаци за 5.000 евра.

Најнови вести