Новоименуваниот директор на Желeзници, Андреј Жерновски, на својот Фејсбук профил сподели монтирана фотографија од пратеникот од опозицијата Петар Ристески во која Жерновски на циничен начин прашува: „Го разбира некој штосов !?!“
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески вчера на годишното обраќање на претседателот Пендаровски заедно со останатите пратеници му сврти на претседателот, а во рацете држеше транспарент на кој пишуваше: „Стево слуга на Заев“.
На неговата фотографија е направена фотомонтажа на која пишува „Стево вакцинирај ме“ за која оставаме да процените дали директорот на Железници наседнал на лажната вест.
Она што навистина загрижува е тоа како во етерот може да се пласира ваква информација од директорот на Железници, но и истата објава има повеќе од 300 лајкови и коментари со навреди спрема пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески.
Се уште нема реакција од Жерновски, ниту извинување спрема Ристески за навредливте коментари по неговата објава.
Извор: Лидер.мк