Министерот за надворешни работи Бујар Османи објави фотографија на социјалните мрежи од зградата на МНР.
Зградата на МНР вечерва е обоена во боите на Европската унија (ЕУ).
„Зградата на Министерството за надворешни работи во боите на Европската Унија, како симболика на денешниот официјален почеток на пристапните преговори на Македонија и ЕУ“, напиша Османи.