Шефот на службата за безбедност во Скопје кој е од Велес врши злоупотреба на службената дејност, тврди извор за КУРИР.
Имено тој викендов со возило во сопственост на Пошта кое му е дадено за целите на оваа институција се прошетал на пикник покрај велешкото езеро Малдост.
Доказ за сето ова се фотографиите кои ни ги достави нашиот извор.
Инаку вработениот во Пошта е со потекло од Велес, но тоа не му дава за право освен за целите на институцијата да си прави и приватен пикник во недела попладне покрај езерото, додава изворот.
Тој додава дека во Пошта веќе започнале и да им доцнат платите поради нестабилната ситуација во земјава која трае од почетокот на пандемијата во светот и кај нас.