недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Фрчкоска ја правда Јанева: Катица е прилично револтирана…

Фрчкоска ја правда Јанева: Катица е прилично револтирана…

Адвокатката Ирена Фрчкоска, сопруга на Љубомир Фрчкоски, која ја брани Катица Јанева во предметот „Рекет“, за однесувањето на нејзиниот клиент вели дека е последница на револт поради, како што вели, сите работи што ѝ се случуваат.

Фрчкоска вели дека Јанева постапувала согласно нејзините законски надлежности и тука нема ништо спорно.

„Јас не се согласувам со таквите испади, но Катица Јанева е прилично револтирана, поради сите овие работи кои ѝ се случуваат. Гледаме дека обвинителката Стефанова во јануари кажувала еден став, сега друг. По наш впечаток, работите се извртуваат, а во друг дел – во ред беше исказот“, рече Фрчкоска.

Адвокатката на Јанева вели дека од ексшефицата на СЈО немало незаконско постапување.

 

Најнови вести