петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Фризерката на Кирацоски“ јавно го повика Заев да реагира: „Господ најмилото да му го земи на тие што прават вакви гнасни игри“

„Фризерката на Кирацоски“ јавно го повика Заев да реагира: „Господ најмилото да му го земи на тие што прават вакви гнасни игри“

Павлина Котеска за која јавноста шпекулираше дека е „фризерката која во МЕПСО ја вработи Александар Кирацоски“, вечерва реши да се пресмета со раководителите на компанијата и притоа на помош ги повика Заев, Шилегов, Шекеринска, Манчевси, Адеми, Коста Костадинов, Самка Ибраимовски и Мила Царовска.

„Јавно ја повикувам владата на Р. С. М. Да си превземат мерки Со моќницата во Мепсо. ЕВА ШУКЛЕВА. Да престани да ни се заканува на вработените. Да ни прави притисоци. И закани на претседателот Горан Стојановски на Синдикатот во Мепсо, а и мене лично со докази…“

„Некој меѓу нас не е наш“, вели Котеска, што веројатно алудира на партизираноста во МЕПСО со кадри на СДСМ и нејзината разочараност од некој надреден кој „не бил нивни“.

Според фризерката, се работи за нешто нечисто „за тоа некој сака да покрија гнасотилоци“. Додава и дека „паднааја маските на ангелските лица…“

Фризерката се жали и дека директорката на МЕПСО ја нарекувала неа со погрдни зборови, на што нејзина соговорничка и советува на Котеска „да се обрати кај некои кои се над неа“, веројатно алудирајќи на влијателни лица во СДСМ кои и се блиски на Котеска. Фризерката повторно се жали дека никој немало да ја спаси бидејќи „друга стоела зад неа“ – веројатно мислејќи дека директорката на МЕПСО имала „појак (женски) грб“ во СДСМ во споредба со фризерката на Кирацовски.

Тука се вмешува и трет соговорник кој зборува за заштитничката (чадорот) на директорката, која заштитувала „и други кои не се наши“ – со што и отворено се признава партизираноста во МЕПСО и на кој начин функционира оваа компанија, која се чини дека наместо државна, станала „приватна партиска своина“ на власта.

„Да се ништат туѓи животи, за некој да се офајдува. Срам. Јас јавно кажувам Господ најмилото да му го земи. На тие што прават вакви гнасни игри. Зш и јас му сум на некој најмило.“, порачува Котеска, пред да додаде: „Нема правда, нема мир“.

Знае ли Котеска за некаков криминал во МЕПСО кога зборува за нечие офајдување? Што е тоа што ја натерало фризерката на Кирацоски да посака „Господ најмилото да му го земи“ на луѓето за кои има замерки?

Има и уште многу други посуштински прашања кои доведоа воопшто во една ваква важна компанија да има вакви превирања, колнења и партиски дворски игри. Срам и резил за целата држава, благодарение на моќниците од власта кои го овозможиле ова.

Да не беше трагично и многу жално, ќе беше можеби смешно.

Најнови вести